| четврток, 6 декември 2018 |

Почна монтирањето на пешачкиот мост меѓу Хиподром и Инџиково

atopatПочна монтирањето на пешачкиот мост што ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково, во општината Гази Баба и ќе овозможи непречено и безбедно движење на граѓаните од двете населби преку автопатот.

Pesacki most nad Avtopat 0101Денеска се монтираше долниот дел од првата половина на мостот, во наредниот период таа ќе се комплетира по што ќе следува монтирање и на втората половина од конструкцијата.

Според најавите од Град Скопје, доколку временските услови се поволни, се очекува изградбата на пешачкиот мост да заврши докрајот на октомври.

hipodrom mostМостот е од челична конструкција со бетонски столбови, челични скали и челични рампи. Треба да овозможи безбеден премин на пешаци, пешаци со велосипеди и на лица со посебни потреби. Ќе биде долг 63 метри, а широк 5,4 метри со површина за движење широка 3,1 метар. По должината на мостот ќе биде поставена ограда висока 2 метра, изработена од челични профили и челична мрежа, како и конзоли за инсталации. Новиот мост ќе го осветлуваат 12 канделабри, а ќе бидат осветлени и рампите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top