Неколкумина полицајци се повредени во експлозија во турскиот округ Сирнак, кој граничи со Ирак.
Според локалната телевизија, борци од Курдската работничка партија (ПКК) со далечински уред ја активирале бомбата, која била поставена на патот, по кој минувал полициски автобус. Нападот бил извршен на патот меѓу Идиа и Чизре, каде што се најактивни борците од ПКК.
Полицајците се движеле со службениот автобус кон локалниот аеродром, каде што биле на служба. Бројот на повредените не се прецизира. На местото на нападот пристигнале амбулантни возила и единици на специјалната полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.