| четврток, 6 декември 2018 |

Велосипедистите нема да бидат казнувани ако не носат заштитен шлем

Возачот и лицата што се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот, стои во став 2 од законот.

Во дел од медиумите се појавија шпекулации за, наводно, нови казни за секој што ќе вози велосипед без кацига, односно заштитен шлем. Сепак, предлог законот е јасен, односно во став 2 од истиот јасно стои дека возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед, треба да носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот, но не е потенцирано дека истото е задолжително, што значи дека за велосипедистите казна не е предвидена.

Казни ќе има само за непочитување на став 1 од законот во кој стои:  „Возачот и лицата кои се превезуваат со велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четрицикл и четирицикл задолжително носат заштитен шлем на главата за време на возењето на патот“

Исто така, во став 5 од предлог законот стои дека „Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на родителот односно старателот на дете кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top