| четврток, 6 декември 2018 |

Николче Новески со можност да потпише за Партизан?!

Како што пренесоа повеќето српски медиуми, македонскиот интернационалец Николче Новески би можел во најкраток можен период да ги засили редовите на Партизан.
Српскиот тим очајно бара искусен играч за централната дефанзивна позиција и откако Слободан Рајковиќ го одби црно-белите, а Бразилецот Фабрисио Дорнелас не се снаоѓа најдобро, долгогодишниот капитен на Мајнц е пред вратите на тимот кој оваа година ќе игра во групната фаза од Лига на Европа. Новески откако ја заврши 11 годишната одисеја со Мајнц остана без клуб и преку неколку менаџери им бил понуден на управата на Партизан.
Српските медиуми одат и дотаму што тврдат дека Новески е подготвен и одреден период да тренира со Партизан, па потоа да биде одлучено дали ќе потпише договор.

Оваа информација е во најмала рака чудна, ако се знае дека и Вардар беше заинтересиран за ангажман на Новески, а тој ја одбил понудата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top