Стрип училиштето при Македонскиот стрип центар-Велес викендов учествуваше на 4-та по ред Меѓународна Стрип колонија во Рашка, соседна Србија.
Освен од Велес, беа присутни млади цртачи од Лесковац, Белград, Приепоље, Грачаница и Врање (Србија) како и Котор и Никшиќ( Црна Гора), коишто црпеа знаења и искуства од реномирани излагачи: Владимир Весовиќ, Раде Марковиќ, Сабахудин Мурановиќ…
– Ние како Стрип центар на Макеоднија, бевме пријатно изненадени од повикот да земеме учество на оваа колонија, први од регионот надвор од српското говорно подрачје. Се работеше во услови на прекрасната природа на подкопаоничкото место Павлица, којашто овозможи работна и опуштена пријателска атмосфера помеѓу учесниците на оваа колонија. Се разбира, не изостанаа и разговорите околу идна интернационална соработа, а македонската стрип сцена неизоставно ќе биде застапена, истакна Томе Трајков од СЦМ-Велес, кој и самиот присуствуваше на оваа колонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.