| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија ја дигна контролата на граница- 20 километри колона од возила од Унгарија

Forensic police officers work next to a parked truck in which up to 50 migrants were found dead on a motorway near ParndorfКолона од автомобили во должина од 20 километри е формиранаа на автопатот на границата помеѓу Унгарија и Австрија, откако властите од Виена на источната границата ја заострија контролата како резултат на криумчирањето со мигранти.

Како што пренесува Танјуг, колона била формирана и на една од споредните сообраќајници преку која се пристигнува до границата кон Австрија.

Министерката за внатрешни работи на земјата, Јоана Микл Лајтнер изјавила дека заострените мерки се поради минатонеделната трагедија во која во камион на автопатот во Австрија беа пронајдени 70 мртви бегалци кои дошле преку Унгарија.

Минатите три дена, унгарската полиција ги спречила речиси 8.800 мигранти кои се обиделе да влезат во земјата, најмногу преку Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top