Турција на експертско ниво ќе и помогне на Република Македонија во делот на шумарството и водостопанството – заштита на шумите и реконструирање, модернизирање и подобрување на системите за наводнување и одводнување.Турската делегација ќе престојува во посета на Македонија до 4 април, во кој период стручни лица од Министерството ќе организираат теренски посети на шумите.
Соработката во шумарството и ловството беа меѓу клучните теми на денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со делегација од Турција предводена од Рустем Кириш, директор на Управата за планирање и управување со шумите во турското Министерство за шумарство и водостопанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


