Во организација на Повардарската епархија, а под покровителство на општина Велес денеска во месноста викана Багремче, во кругот на касарната во новиот дел на Велес беше осветен камен-темелник за новата црква „Свети Јован Крстител“.
На осветувањето присуствуваа поглаварот на МПЦ Охридска Архиепископија господин господин Стефан, митрополитите Повардарски Агатангел, дебарско-кичевски Тимотеј и бројното свештенство, министерот за одбрана Зоран Јолевски, градоначалникот Славчо Чадиев, пратениците Илија Димовски, Ѓорѓи Коџабашиев и Марјан Николовски…
Во своето обраќање до присутните, поглаварот на МПЦ г.г Стефан порача да ги чуваме бројните православнте храмови, изградени низ вековите до денес во нашата Македонија и да ги посетуваме, да градиме и нови, но и да одиме во нив на поклонение, а посебно младите.
– Нашиот народ и во славните времиња на духовна и национална слобода, како и во времињата на ропството и туѓите владеења и кога му било тешко и бил сиромав градел цркви. Највредните икони и фрески се создавани кога можел и бил духовно најбогат, кога бил најцврст во верата и најголем да даде и љубов, порача г.г Стефан.
Митрополитот Повардарски Агатенгел во своето обраќање до присутните упати голема благодарност до актуелниот министер за одбрана Зоран Јолевски и претходните министри за отстапениот простор на касарната за градбата на црквата, како и за дозволата за градба од Советот на општината и градоначалникот.
– Епархијата и општината, заедно со православниот македонски народ ќе ја изградиме оваа црква. Општината ќе го направи иконостасот и новата камбанарија, а Епархијата со народот и бројни донатори – црквата, порача митрополитот Повардарски Агатангел.
Идејното проектно решение за овој православен храм е на архитектите Благој и Славче Здравеви од Штип, а градежните работи ќе ги изведува фирмата „Тргоцемент“ од Велес.
Градоначалникот Славчо Чадиев најави дека црквата „Св Јован Крстител“ ќе биде готова за година или година ипол, кога треба да биде и осветена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив



