| четврток, 6 декември 2018 |

Турски воени авиони првпат извршија напади врз позиции на ИД во Сирија

авиониТурски воени авиони во составот на коалицијата предводена од САД ги изведоа првите воздушни напади врз позиции на Исламска држава во Сирија, соопштија денеска турските власти.

Во соопштението на турското Министерство за надворешни работи се наведува дека авионите доцна синоќа почнале напади долж сириската граница врз позиции на џихадистите кои претставуваат закана за Турција.

– Борбата против терористичката организација ИД е приоритет за Турција. се наведува во соопштението.

Турските авиони користеле наведувачки бомби врз позиции на ИД во Сирија и ниту еднаш не навлегле во сирискиот воздушен простор.

Анкара минатиот месец по се согласи да преземе поактивна улога во борбата против ИД. Турција се вклучи во борбата против ИД по самоубиственииот напад во јули во пограничниот граф Суруч при што загинаа 33 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top