| четврток, 6 декември 2018 |

1.500 нови вработувања во Струмичко; американска автомобилска компанија ќе инвестира во ТИРЗ Струмица

gr-novaВладата е во финални преговори со глобална американска компанија за инвестирање во ТИРЗ Струмица за изградба на фабрика за производство на автомобилски делови. Инвестицијата е вредна 20 милиони евра, а ќе овозможи 1.500 нови вработувања во Струмичко, изјави денеска во Струмица премиерот Никола Груевски.

– Можам да кажам дека сме во финална фаза на преговори со меѓународна глобална компанија со седиште во Америка за производство на автоделови за инвестирање токму тука во ТИРЗ Струмица и отворање на нови околу 1.500 работни места. Претставници на компанијата досега неколку пати беа во посета на земјата. Имаат интерна одлука на ниво на дивизија. Се очекува уште на ниво на холдинг да биде потврдена нивната одлука. Во меѓувреме следната недела доаѓаат да ги прецизираат деталите околу договорот. Доколку се се одвива во најдобар ред, очекуваме до крајот на октомври, ноември или најдоцна во декември да ја објават инвестицијата и да кажат кога точно ќе започне градбата, рече Груевски во изјава за новинарите по посетата на индустриската зона во општина Василево.

Тој нагласи дека планот на компанијата е првично да започне во браунфилд инвестиција каде би се вработиле стотина-двеста лица, а во меѓувреме да ја градат новата гринфилд инвестиција, односно новата фабрика во ТИРЗ Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top