| четврток, 6 декември 2018 |

Наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП ја доби Виолета Танчева-Златева

Наградата „Браќа Миладиновци“ која се доделува на македонски автор годинава комисијата во состав Зоран Анчевски (претседател), Ефтим Клетников, Јордан Даниловски, Иван Џепаровски (членови) и Иван Антоновски (секретар) и ја доделија на Виолета Танчева-Златева.

11121103_10206652446141574_563121754_n

-Во „Година без лето“ се поместени повеќе песни кои поттикнуваат неколкукратни читателски навраќања и промислувања за поетските слики, визии и промисли. Се надеваме дека таквата рецепција ќе ја доживеат не само кај македонскиот читател, туку и секаде каде што ќе се најде препевот што оваа поетска книга ќе го доживее, се вели во соопштението на комисијата за доделување на признанието.

11949612_10206652446221576_374443141_n

Во потесен круг беа книгите: „Киноутро“ од Јовица Ивановски, „Слики“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска, „Се случува вечност“ од Радован Павловски, „Година без лето“ од Виолета Танчева-Златева и „Премостувања на мигот“ од Тодор Чаловски. Од нив во најтесниот круг беа авторите Радован Павловски, Тодор Чаловски и Виолета Танчева-Златева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top