| четврток, 6 декември 2018 |

За 24 часа азил побарале 985 странски државјани

Во периодот од 08,00 часот на 28.08.2015 до 29.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 985 странски државјани, од кои, 659 се од машки пол, 154  се од женски, 124 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 48 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-756, Ирак–94, Авганистан – 71, Пакистан – 40, Палестина – 4, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 29.08.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 50.268 странски државјани, од кои, 34.684 се од машки пол, 6.917 се од женски, 7.789 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 878 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-40.895, потоа Авганистан-2.410, Ирак-2.323, Пакистан-1.533, Палестина-648, Сомалија-564, Бангладеж-349, Конго-310, Нигерија-188, Камерун-157 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 28.08.2015 до 29.08.2015 година во 08,00 часот до Одделението  за азил не се поднесени  барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 29.08.2015 година до Одделението  за азил се поднесени 49 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top