Во медимумите од островото утринава осамна вест дека Манчестер Јунајтед е подготвен да даде 90 милиони евра плус голманот Давид Де Хеа на Реал Мадрид за да го доведатГерет Бејл во своите редови до крајот на летниот преоден рок кој завршува в понеделик на полноќ.
За трансферот на шапанскиот репрезентативен голман во редовите на „кралевите“ се зборува цело лето, но менаџерот на „црвените ѓаволи“ Луис ван Гал не сака да го пушти за сума помала од 49 милиони евра. За Реал тоа е неприфатливо знаејќи дека Де Хеа следното лето е слободен играч и може да го добие беспари. Сепак претседателот Флорентино Перез нуди 42 милиони за да го види во дресот на Реал до понеделник на полноќ.
Од друга страна Манчестер Јунајтед очајно се обидува цело лето да донесе квалитетен фудбалер, но во последен момент неколку фудбалери му завртеа грб на Ван Гал и потпишаа за други клубови.
Еден од тие кои сеуште може да ги засили редовите на Јунајтед е Герет Бејл по кого со целосна целосна офанзива тргнува Ван Гал нудејќи цело богатсво. Односно 90 милиони евра плус Де Хеа со што би го направил најскап фудбалер во историјата. Сепак за овој трансфер се прашува и фудбалерот кој изјави дека среќен во Мадрид и сака да остане во овој клуб.
Навивачите на Реал се поделени, но поголемиот дел од нив смета дека Герет Бејл нема веќе што да докажува во Реал Мадрид и дека треба да си замине.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)