Менаџерот на Челси, португалскиот стратег Жозе Мурињо може да биде во неволја во случајот со докторката Ева Карнеиро.
Тој ја острани од тимот и и забрани да седи повеќе на клупата не Челси иако е прв доктор во лекарскиот тим на „сините“ од Лондон.
Инцдентот за неговата ваква одлука е поради тоа што во првото коло од новата сезона во Премиер лигата, Карнериро влета во теренот за да му укаже лекарска интервенција на Еден Азар, а тоа Мурињо го окарактеризира како губење драгоцено време во обидот Челси да дојде до трите бода. Натреварот против Свонси заврши 2-2.
– Јас сум шеф и јас одредувам кој ќе седи на клупата. И тука не гледам ништо спорно. Не значи ова дека Ева Карнеиро нема да биде на клупата цела сезона – изјави тогаш Мурињо.
Но, неговата реакција наиде на голем отпор и кај менаџерите на другите клубови, а и кај целокупната спортска јавност. Најново е дека овој случај ќе се разгледува и во ФИФА, на состанокот на Медицинскиот комитет, на 11 септември.
– Ова е очигледна ситуација во која докторот е ставен во многу специфична положба, да не речам и дека е понижен. Работата на докторите е да ги лечат фудбалерите, а Ева Карнеиро го правеше токму тоа на теренот. Ниту шефот на стручниот штаб не смее да си дозволи да одлучува дали некој фудбалер е повреден и колку време докторот треба да му укажува помош. Кој ќе биде виновен доколку се случи нешто непосакувано?! Овој случај дефинитивно ќе биде наша главна тема на следниот состанок во ФИФА – изјави претедателот на Медицинскиот комитет, Мишел Хоџ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.