Унгарската влада претставила нацрт-закон со кој се предвидува заострување на казните за нелегално преминување на границата, според кој, меѓу другото, фатените бегалци можат да бидат осудени на три години затвор.
Парламентот следната недела ќе расправа за нацртот кој опфаќа 13 мерки во борбата против приливот на бегалци во Унгарија.
Унгарија сака да воведе и построги мерки за трговците со луѓе и воспоставување на „транзитна зона“ на границата за луѓето кои бараат азил, за да имаат време да соберат документи и поднесат барање.
Унгарските војници на 3 август почнаа со изградбата на оградата на границата со Србија која треба да биде завршена до 31 август.
Во Унгарија преку Балканот годинава пристигнале околу 100.000 бегалци, главно од воените зони како Сирија, Ирак и Авганистан. Доколку нацрт-законот биде прифатен во парламентот, ќе стапи на сила на 15 септември.
Спрско-унгарската граница во вторникот ја минале 2.533 бегалци и тоа е најголемиот број емигранти кои во еден ден влегле во Унгарија од почетокот на годината, соопштила полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Црн петок, ама буквално: Дошле на шопинг во Сити мол, останале без возила!
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Внимавајте каде се движите, скопската полиција денеска овде казнува несовесни пешаци (ФОТО)
-
Внимавајте, полицијата најмногу казнува за ова…