| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува „Смоквијада“ во Гевгелија

Во Гевгелија денеска почнува натпреварот во најдобро сварено слатко од смокви. „Смоквијадата“ традиционално се одржува секоја година, а покрај натпреварувачите од Гевгелија, годинава на манифестацијата ќе учествуваат и гости од Грција, Романија и Бугарија, соопштија организаторите кои информираа дека покрај натпреварот во приготвување слатко од смокви, ќе биде организирана и богата културно-уметничка програма.

Смоквијадата ќе почне со фолклорно дефиле и гевгелиската химна која ќе ја изведат „Распеани гевгеличани“, а покрај нив ќе настапат и пеачките групи од Сандански и Банско од Бугарија, Влашко културно уметничко друштво од Грција, КУД „Бојмија“ од Гевгелија и Мишко Крстевски.

Смоквијадата се одржува во организација на граѓанското здружение „Тера“, под покровителство на општина Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top