Православен храм во градот Дерми во Албанија бил урнат вчера во раните утрински часови, што предизвика жестоки реакции од православниот свет и од соседните држави, јавија албански медиуми.
Под урантините од црквата се уште има остатоци од икони и крстови. Загрижените граѓани, но и невладини организации бараат одговор од надлежните која е причината за овој, како што го нарекоа вандалски чин.
Образложението на албанските власти беше дека црквата е изградена нелегално, на што остро се спротиставило дел од христијанското население кое живее таму.
Жестока реакција и осуда стигнала и од грчкото МНР од каде ја повикаа Тирана да ги почитува религиозните слободи потсетувајќи дека токму вакви акти се случуваат на Блискиот Исток и во Сирија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.