| четврток, 6 декември 2018 |

Марио Балотели: Не сум повеќе дете, ветувам дека нема да правам проблеми

Повратникот во екипата на Милан, проблематичниот италијански напаѓач, Марио Балотели со порака до клубот, навивачите и управата тврдејќи дека ќе се промени оваа сезона и посакува нов почеток во неговата кариера.

– Си ветив дека овојпат ќе се смирам. Не смеам да го разочарам Милан, Михајловиќ, Мино Раиола и сите кои ме сакаат. Нема веќе право на грешки, и морам сите да ги убедам дека сум променет. Ова е нов почеток. Ги прифаќам сите правила, не сум заборавил да играм фудбал. Веќе не сум дете, и прокоцкав многу шанси во кариерата. Ќе ја прифатам секоја одлука на Михајловиќ, тој е лидер на Милан и ветувам дека нема да правам проблеми – изјави Балотели.

Италијанскиот напаѓач беше дел од „росонерите“ една и пол сезона, и за тој период одигра вкупно 54 натпревари и постигна 30 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top