| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: СИРИЗА со 1,2 проценти предност пред Нова демократија

atina protestiЗа СИРИЗА на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на вонредните парламентарни избори во септември ќе гласаат 29 проценти од избирачите, а за конзервативната партија Нова демократија – 27,8 отсто, покажуваат резултатите од анкетата изработена од „Метрон анализ“.

За новоформирана партија Народно единство, формирана од дисидентите на СИРИЗА, се изјасниле 4,1 отсто од испитаниците.

Ултрадесничарската партија Златна Зора има поддршка од 8,3 проценти, а потоа следи центристичката Потами со поддршка од 6,7 отсто.

Според резултатите од анкетата поранешниот коалициски партнер на СИРИЗА, Независни Грци нема да освои три проценти од гласовите, колку што е потребно за влез во Парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top