Шпанскиот репрезентативен голман Давид Де Хеа сеуште се надева дека до понеделник ќе се пресели во Реал Мадрид и ќе се заврши сагата околу него која трае скоро цело лето.
Последната недела, шпекулациите околу неговото враќање во Шпанија малку запреа, но тоа не значи дека двете страни не работат на тоа. Де Геа нема да брани ни овој викенд за Јунајтед, а летниот преоден рок завршува в понеделник на полноќ и дотогаш има надеж за негова преселба на “Сантијаго Бернабеу”.
Како што е познато преговорите запреа поради разлика од седум милиони евра. Реал Мадрид на неколку наврати отворено објави дека понудата за Де Хеа изнесува 42 милиони евра, но Луис Ван Гал, менаџерот на Манчестер Јунајтед не сака да го ослободи голманот на кого не смета од почетокот на сезоната во Премиер лигата за помалку од 49 милиони евра.
Остануваат уште три дена до крајот на летниот преоден рок, но шпанските медиуми најавуваат дека трансферот ќе се случи во понеделник навечер, односно „пет до дванаесет“.
Шпанецот посакува што побрзо да се договорат двата клуба за тој да може да се врати во натпреварувачки ритам и да му помогне на Реал Мадрид за освојување на Примера дивизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е Воскресен понеделник: Еве што денеска задолжително треба да направите!
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)