Празнувањето на овој ден, како што се наведува, е славење на светлината на Дева Марија, која преку својот безгрешен, достоинствен и богоугоден живот е благословена со раѓањето на нашиот спасител Исус Христос.
– Чистината на нејзината душа ја прави оваа жена достојна за најголемиот христијански чин, а со тоа и вечен пример за сите нас кои со восхит и почит гледаат на нејзиното дело. Добрината и искреноста, чесноста, грижливоста и чистината на душата се принципите и патоказот по кој и мајката божја, и целото христијанство не учи и упатува, оттука е и големината на денешниот празник и неговото значење, се вели во честитката.
Посветеноста на мајчинството и љубовта кои, како што се наведува, се белег на нејзиниот земен живот секогаш ќе не потсетуваат на бесценетоста на семејството.
– Поддршката и потпората добиени од домот даваат сила да се издржат најголемите предизвици и искушенија. Затоа на овој ден посебно, но и на секој друг, да се потсетиме на значењето на семејството како суштински елемент за одгледување и животен развој на децата кои се богатството и иднината на секоја земја. Во духот на христијанството да ја пренесеме добрината со која сме благословени, на знајните и на незнајните луѓе со кои во секојдневието ни се вкрстуваат патиштата. Правејќи добри дела, создаваме трајни вредности и секој на тој начин придонесува со свој личен пример за иднината на нашата земја, нејзината изградба и развој, стои во честитката од премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски