| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на нова песна на Четкар

Со промоција на новата песна „Heavenly“ в петок, 6 април, познатиот џез-фанк изведувач, охриѓанецот Владимир Четкар, ќе го најави издавањето на својот нов албум.
Песната ќе биде пуштена исклучително во дигитална продажба ( iTunes, Amazon, Spotify, Soundclud, CD Baby…) сѐ до промоцијата на новиот албум ова лето кога ќе се најде носач на звук.

Во „ Heavenly“ Четкар се наоѓа во улога на комплетен автор и изведувач или поконкретно како композитор, продуцент, аранжер-оркестратор-диригент, текстописец, вокалист и гитарист.

Песната „ Heavenly“, како и останатите музички материјали што ќе се најдат на новиот албум, се снимани со комплетна жива инструментација (гудачка, дувачка и ритам секција) без употреба на ниту еден семпл во студиото „Дабвеј“ во Менхетн, Њујорк.

Заедно со песната ќе биде промовирано и видео при што публиката делумно ќе може да го види процесот на снимањето на „Heavenly“, кој денеска, за жал, претставува вистинска реткост и музички занает во исчезнување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top