| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички со крената глава го заврши настапот во Лига на Европа

rabotnicki 2

Вицешампионот на Македонија и единствениот преставник во квалификациите за Лига на Европа Работнички, го заврши настапот во второто по ранг европско натпреварување откако во бараж дуелот за групната фаза беше елиминиран до рускиот тим Рубин Казан со вкупен резултат од 2-1.
Првиот меч во Скопје заврши без победник 1-1, па на клубот од „Дебар маало“ му требаше најмалку нерешен резултат во реваншот во Казањ но со некој постигнат гол.

rabotnicki 1

Избраниците на тренерот Ангеловски најавуваа и ја остварија беспоштедната битка и не дозволија да бидат целосно надиграни и декласирани. Сепак Рубин се покажа како подобра екипа која имаше целосна доминација во првото полувреме и дојде до толку посакуваниот погодок во 35 минута преку Карлос Едуардо.
За да не дојде до поголемо водство се погрижи голманот Божиновски кој имаше своја вечер и одбрани неколку тешки удари на домаќините и го одржуваше Работнички сеуште во живот со надеж дека неговите соиграчи од нападот ќе го постигнат толку посакуваниот гол.
Во 65 минута судијата на наптреварот Гочек од Турција можеше со мирна совест да покаже на белата точка откако во казнетиот простор на Рубин беше соборен капитенот на „романтичарите“ Баже Илиоски но тој остана нем и само одмавна со раката.

rabotnicki

Најдобрата шанса во вториот дел македонскиот претставник ја имаше во 75-тата преку Чума Анене, кој со глава биеше покрај гол. И покрај доминацијата од крајот на натпреварот, Работнички не најде решение за бедемот пред голот на Сергеј Рижиков и немаше шанса да дојде барем до израмнување и да се избори за продолженија.

Се на се македонскиот преставник слободно може да си замине од Казањ со крената глава бидејќи не беше наидгран од рускиот тим. За потсетување Работнички претходно успеа да мине три кола, и да дојде до историска шанса за македонскиот фудбал, пласман во групите од Лига на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top