| четврток, 6 декември 2018 |

Беи Дао, лауреатот на СВП: „Златниот венец“ за мене е особена чест, не верував дека ќе го добијам!

-Македонија како една дамнешна земја претставена со нејзиниот јазик, кој не е многу распространет низ светот сепак опфаќа и организира ваква престижна поетска манифестација со половинавековна традиција, како Струшките вечери на поезијата, истакна лауреатот на 54. издание, кинеsкиот поет Беи Дао.

Беи Дао е 50-ти јубилеен лауреат на „Златниот венец“ , пред 12 години бил учесник на фестивалот, а добивањето на ова зналајно признание за него е многу важно.

– Чуството на среќа претставува еден вид слабост на човекот кога ќе добие ваква престижна награда. Јас не верував дека ќе го добијам „Златниот венец“ што ми претставува посебна чест како поет. Посебно ми е чест што признанието претставува врска меѓу поетот и неговото творештво, рече Беи Дао.

Беи Дао е 50-ти јубилеен добитник на признанието „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, кое ќе му биде врачено в недела на поетското читање „Мостови“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top