| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ѝ ги врати парите на Русија за „мистралите“

mistralФранција ѝ ги врати на Русија сите пари за неиспорачување на двата носачи на хеликоптери „мистрал“, а сумата изнесува 900 милиони евра, изјави висок претставник на Федералната служба за воено-техничка соработка на Русија.

Париз денеска официјално соопшти дека на Москва ѝ уплатил средства за неиспорачувањето на бродовите „мистрал“, која во моментот на раскинувањето на договорот веќе имала платено 800 милиони евра.

Според високиот претставник, разликата во сумата претставува компензација за парите што се платени за конструкторските работи за изработка на хеликоптерот К-52К, за одржување на специјалните обуки за управување со бродовите и изградбата на специјалното пристаниште за бродовите во Владивосток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top