Казахстанската Влада и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) потпишаа денеска договор за формирање Меѓународна банка за нискозбогатен ураниум.
Документот го потпишаа во Астана шефот на казахстанската дипломатија Ерлан Идрисов и генералниот директор на МААЕ, Јукио Амано.
Идрисов истакна дека банката ќе биде „многу безбедна, нема да има радиоактивен отпад, а употребеното гориво ќе се уништува согласно правилата на МААЕ“.
Тој нагласи дека банката значително ќе придонесе за јакнење на глобалната нуклеарна безбедност, додавајќи дека „се разгледува можноста во неа да биде складиран нуклеарен материјал од Иран“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.