Кондиторската е една од ретките индустрии што одлично се снајдоа по либерализацијата на пазарот, велат од Стопанската комора. Го зголеми производството за 250 проценти, агресивно настапува на надворешниот пазар, а и од домашниот ја истисна странската конкуренција. Сепак, последиците од кризата се чувствуваат и во овој сегмент. Кондиторските фирми лесно продаваат, но потешко наплаќаат, а имаат проблем и со обезбедувањето средства за модернизација на производството, особено малите и микро претпријатијата.
Васко Ристовски од Комората посочува на проблемот со различните лимити за микотоксините. Во ЕУ дозволената концентрација на охратоксинот А (во зависност од производот) е до 3 микрограми, а кај нас до 5. Забуна настанува и со дел од означувањата, ако во документот стои „цртичка“, не се знае дали не треба да се испитува или не смее да содржи какви било микроорганизми.
– Сѐ уште немаме точни бројки за евентуланите загуби на компаниите, но апелираме на потребата од скратување на времетраењето на постапките за земање мостри и правење анализи – истакна Ристовски.
Од 1996 година, со почетокот на либерализацијата на пазарот, македонската кондиторска индустрија стагнира, покажа значителен пад на производството, за речиси половина, од 33.000 тони годишно на 12.000 тони. Значајни промени почнаа во 2005 година. Од тогаш досега продукцијата е зголемена за 2,5 пати. Тоа се одрази и врз трговската размена.
Кондиторската индустрија во Македонија вработува 1.200 лица, а ја соочинуваат 65 фирми од кои главно мали и микро претпријатија. Извозот најчесто се реализира во земјите од соседството, но веќе и во Турција, САД, Австралија, Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


