Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ заедно со холивудскиот продуцент Гордон Бијелониќ кој е по потекло од БиХ, ќе снима филм за големиот српски научин и пронаоѓач, Никола Тесла.
Ѓоковиќ уште пред настапот на Вимблдон оваа година најави голем проект и изнанедување поврзано токму со Никола Тесла. Замислата на Ѓоковиќ сега добива и конкретна реализација откако тој деновиве во Њујорк се сретна со продуцентот со кој направиле договор за снимање на филмот.
– Во главата ми е проект за Никола Тесла, кој, се надевам, наскоро ќе се оствари. Се работи за нешто големо. Се е во тоа дека треба да бидеме свесни што направи Тесла за цивилизацијата. Се обидувам да им објаснам на луѓето дека имаме светло благодарение на Никола Тесла – вели Новак Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура