Последните психолошки истражувања од Корнел Универзитетот во ЊУјорк потврдува дека клучот за среќата е во искуствата, а не во работите.
Истражувањето спорведено две децении, предводено од Д-р Томас Гиловиќ, кој вели дека една од клучните разлики помеѓу нашата вредност на искуства и предмети е адаптацијата.
– Купуваме работи за да не направат среќни и успеваме во тоа. Но само на кратко. Новите работи се возбудливи за нас на почеток, но потоа ние се прилагодуваме на нив – вели тој.
Во суштина, се навикнуваме на работи кои ги поседуваме, и со текот на времето среќата која ја добиваме од нив, полека исчезнува. Од друга страна, среќата која произлегува од работите кои сме ги направиле, всушност се зголемува како што поминува времето, бидејќи тие искуства стануваат дел од нас и го обликуваат нашиот идентите.
Гиловиќ сугерира дека наместо да штедите пари за плазма телевизор, патот до среќата е во трошењето на вашите пари на искуства како што е патувањето и различни активности на отворено, стекнување на нови вештини и посета на изложби.
– Иако мислите дека предметите се дел од вас и вашиот идентитет, сепак тие и понатаму остануваат одвоени од вас. Спротивно на тоа, вашите искуства се дел од вас. Ние сме вкупниот износ од нашите искуства – завршува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



