| четврток, 6 декември 2018 |

Два земјотреса ги стресоа Битола, Охрид и Ресен

zemjotres1-610x400Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, синоќа во 22 часот и 39 минути и во 22 часот и 41 минута, регистрира два земјотреси, чиишто епицентри се наоѓаат во соседна Грција, околу 35 километри јужно од Битола.

Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во Охрид, Битола и во Ресен со интензитет од четири степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top