Во вакви услови можеме слободно да го планираме продолжениот викенд, ако времето е фактор во планирањето на истиот, бидејќи се очекува сончево време, без изразен ветер, а и температурата ќе биде релативно висока.Максималната температура во трите викенд дена ќе има вредност од 36°С до 38°С во повардарскиот регион, како и во околината на Дојран, околу 31°С во охридско – преспанскиот крај и околу 33°С во пелагониската котлина.
Оваа ситуација се очекува и на целото крајбрежје на Балканскиот полуостров, така што каде и да планирате да го поминете овој викенд, нема да згрешите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.