| четврток, 6 декември 2018 |

Иран бара заедничка регионална стратегија за борба со ИД

Iranian Armed Forces mark Sacred Defense WeekПреговори со учество на Иран, земјите од Персискиот Залив и Турција се неопходни за ефективна борба против екстремистите од Исламска држава, изјави денеска Марзие Афхам, портпаролка на иранското Министерство за надворешни работи, јави ДПА.

Афхам ја поддржа заедничката стратегија за Сирија и Јемен, изјавувајќи дека кризите во двете земји ги засилуваат позициите на екстремистите од ИД.

Иранската кампања за преговори почна по потпишувањето на нуклеарната спогодба меѓу Иран и шестте светски сили за што Техеран соопшти дека ќе обезбеди основа за соработка со соседните земји.

– Иран сака преговорите за кризите во Сирија и во Јемен да почнат следниот месец – изјави заменик-министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top