Кипарската полиција ја засили контролата на границите за да спречи изнесување пари над утвредените суми. Граничарите ги проверуваат куферите и личните предмети на лицата кои ја напуштаат островската држава, соопшти британскиот весник „Фајненшел тајмс“. Според информации на весникот, најмалку три лица биле задржани при обид да изнесат од земјата повеќе од одобрените 200.000 евра по човек.
– Парите се конфискувани, а прекршителите се на распит – забележува „Фајненшел тајмс“.
Весникот го цитира рускиот бизнисмен Сергеј Туленев, на кого на денот на воведувањето на капиталната контрола во Кипар му се јавиле Кипарци кои му нуделе да му пренесат над милион евра во постабилни финансиски институции.
– Вакво префрлање средства е незаконско според актуелните правила и затоа лицето кое се обиде, ми побара провизија од 200.000 евра. Го одбив – раскажува бизнисменот.
Според податоци на „Фајненшел тајмс“, од јуни 2012 година вкупниот износ на депозити, сопственост на граѓани на други земји од еврозоната, во банкарскиот систем на Кипар се намалил за 41 проценти, до 3,9 милијарди евра.
Во меѓувреме, се јавува дека јавноста во Кипар е шокирана по написите за префрлање огрмни суми пари од банки во странство на роднини на кипарскиот претседател, политичари, како и за отпишани долгови на политичари, објави весникот „Етнос“. Скандалозниот список е долг и вклучува не само роднини и блиски на претседателот, туку и имиња на политичари и фирми. Весниците објавија, а претседателот негира, дека негов роднина успеал да префрли 21 милион евра три дена пред критичната средба на еврогрупата на која беше одобрен економскиот план за спас со кој е предвидено одданочување на банкарски депозити над 100 илјади евра.
Список со имиња на 132 фирми и физички лица кои повлекле депозити од Народна банка беа објавени на интернет портал, каде што стои дека парите се префрлале 15 дена од 1 до 15 март. Освен тоа, има и такви политичари, државни службеници сегашни и поранешни министри, пратеници и претставници на локална власт чии заеми биле отпишани. Банката на Кипар, Народната банка и Грчката банка отпишале долгови на компании, пратеници и претставници на локална власт од милиони евра во изминатите пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хакери украле 15 милиони долари од повеќе банки во Мексико
-
Со години криела дека е Албанка, а сега предизвика огромен скандал во Грција
-
Се нудат на продажба: Банките им ги лапнаа хациендите и фирмите на познати македонски политичари и бизнисмени
-
Гутереш: Испуштивме историска шанса за обединување на Кипар


