Како што информира СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден, некаде околу 18.00 часот во близина на с. Шупли Камен – Кумановско, две маскирани лица што се превезувале на мотор со закана со пиштол извршиле разбојништво над С.А.(31) од Авганистан, удирајќи го со рачката од пиштол во пределот на главата и одземајќи му ранец во кој имал 1.200 евра и два мобилни телефона.
Се преземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителите, како и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


