| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета пред изборите во Турција

турцијаВладејачката Партија на правдата и равојот (АКП) во Турција нема да има доволно поддршка на претстојните предвремени избори на 1 ноември за да управува сама, покажуваат резултати од анкета на агенцијата „Метропол“.

Таа партија има поддршка од 41,7 отсто од анкетираните.

Републиканската народна партија има поддршка од 25,5 отсто, Партијата на националистичко движење 15,7 отсто, а прокурдската Демократска партија на народите 14,7 отсто, зголемување во однос на изборите во јуни кога имаше поддршка од 13,1 отсто.

– Најверојатно на предвремените избори нема да има различна политичка ситуација од изборите на 7 јуни – наведува Јозер Сенџар, шеф на агенцијата „Метропол“.

Анкетата била извршена меѓу 14 и 16 август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top