| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца Македонци загинаа во сообраќајна несреќа во Србија

Policija-Srbija-650x250Двајца Македонци загинале во сообраќајна несреќа во Србија, на меѓународниот пат Ниш- Димитровград, во близина на Пирот. Официјално, според српската полиција, загинале двајца државјани на Бугарија, а повредени биле четворица турски државјани, меѓу кои и шестгодишно дете. Сепак, се работи за Македонци кои живеат во Бугарија.

До несреќата дошло кога автомобилот „ауди“, во кој се наоѓале двајцата што загинале престигнувал трактор со приколка, налетале на автомобил „фолксваген“ од спротивната страна.

Возачот и совозачот во „аудито“ загинале веднаш. Тројца патници од другото возило, турски државјани, се полесно повредени, додека совозачот е со тешки повреди.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top