| четврток, 6 декември 2018 |

Група политичари настојуваат НАТО и Русија да договорат нови правила за избегнување војна

nato_russia_flagsРусија и НАТО треба да договорат заеднички правила за справување со неочекувано избувнување на воени инциденти, со цел да се намали ризикот од евентуален почеток на војна меѓу Москва и Западот, изјавија денеска група поранешни министри за надворешни работи и за одбрана.

Во оваа група од 14 познати политичари се наоѓаат поранешниот руски министер за надворешни работи Игор Иванов, поранешниот германски министер за одбрана Фолкер Руе и нивни колеги од Велика Британија, Франција, Шпанија и Турција.

Русија и НАТО се почесто одржуваат големи воени вежби поради кризата во Украина, а се случуваат и инциденти, како на пример опасни средби во воздух меѓу воени авиони од едната и другата страна. Затоа според поранешните министри, непоходни се правила за комуникација во воздух и во море при такви ситуации. Во извештајот на групата се настојува за средба на високо ниво меѓу НАТО и Русија во врска со овие прашања.

Според групата, сличен договор е потребно да се постигне и меѓу САД и Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top