| четврток, 6 декември 2018 |

Рудиша победи на 800 метри, Амел Тука и донесе победа на БиХ

Во Пекинг на Светското првенство во атлетика поделени пет комплети на медали. Кениецот Давид Рудиша на својата земја и донесе злато на 800 метри со време 1:45.84, среброто го освои Адам Кошсшот од Полска додека Адел Тука на Босина и Херцеговина и донесе  прв историски медал од мундијалите  кој е со бронзен сјај.

На 400 метри со пречки злато за  победи Николас Бет од Кенија кој до златото дојде со време  47.79, среброто му припадна на Денис Кудрјатсев , брознезниот на Џефри Гибсон об Бахамите.

Грег Рутерфорд од Велика Британија се закити со злато во скок  во далечина,  до најснаиот медал дојде со скок од 8 метри и 41 сантимер, среброто го освои Лапиер од Австралија, бронзениот Ванг од Кина.

Во женска конкуренција поделени два комплета на медали, Дениа Кабаљеро од куба најдобра во фрлање диск, со далечина од  69 метри и 28 сантиметри стигна до златниот медал, на подиумот се најдоа  и Перковиќ од Хрватска која го обезбеди среброто, бронзата Мулер од Германија.

На траката на 1500 метри најбрза беше  Гензебе Дибаба од Етипоија со време 4:08.09 , среброто го освои Кипјегон од Кенија , додека до брознаениот медал стигна  Хасан од Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top