| четврток, 6 декември 2018 |

За целосно расчистување на теренот во Тетово ќе требаат од три до пет месеци

тето

Експерти од механизамот за цивилна заштита на Европската унија по 12 дена го завршија истражувањето околу невремето во Тетовско и подготвија извештај, во кој се наведени препораки за дејствување во иднина. Извештајот беше предаден на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и општина Тетово.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи соопшти дека во извештајот се дадени препораки за активности што треба да се преземат во иднина.

–  Не можеме да ја смениме природата, ниту конфигурацијата на теренот, но можеме да го смениме нашиот менталитет кон природата, во однос на урбанистичките решенија и во однос на логиката дека не може да се живее секаде затоа што природата има свои текови- рече Арифи.

Рудолф Де Кром, тим лидерот на европската мисија појасни дека извештајот се состои од наоди и согледувања на организирањето на околината и географските карактеристики, кои експертите ги виделе на терен, врз кои се темелат препораките за избегнување на вакви ситуации во иднина.

– Подрачјата кои беа зафатени од поплавите во големото невреме на 3 август се уште се расчистуваат.  Активностите според најавите ќе продолжат во иднина. Станува збор за наноси од 300 до 500 илјади кубни метри. Според нашите анализи за целосно расчистување на теренот ќе бидат потребни од три до пет месеци- изјави Шабан Салиу, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

На извештајот работеа седум експерти од Европската унија од различни области.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top