| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар си поигруваше со Нексе на стартот на турнирот во Скопје (фотогалерија)

Македонскиот шампион со уверлива победа го стартуваше турнирот во Скопје, „Вардар 2015“ чиј домаќин е. „Жртва“ на избраниците на Раул Гонзалес беше хрватскиот тим Нексе кој беше декласиран со 10 гола разлика, 36-26.
Подновениот Вардар со дури пет нови играчи од самиот почеток на мечот ја наметна својата игра и во првите десет минута не прими гол и поведе со 6-0.

R vardar mazi (9) (Custom)

Малубројната публика одбилску можеше да ги види новите засилувања, Македа, Манасков, Деревен, Циндриќ и Марсениќ кои се прикажаа во одлично светло пред искушенијата кои ги чекаат во долгата сезона што следи. Вардар оваа година повторно ќе учествува на четири фронта. Секако најважено е учеството во Лигата на шампионите каде оваа сезона се очекува пласман на завршниот турнир.

Во второто полувреме, македонскиот состав имаше предност и од 13 разлика (33-20) на осум минути пред крајот, за да сето тоа биде заокружено со конечни 36-26.

R vardar mazi (20) (Custom)

Одличен натпревар во нападот одигра руското засилување Деревен кој постигна шест гола. Стрелци на пет гола беа Карачиќ и Дибириов, а голманот Ангелов кој бранеше во последните 20 минути нанижа седум интервенции. Во првиот дел на голот блескаше Штербик кој фати неколку тешки топки, а одбрани и два седмерци.

Следниот натпревар за „црвено-црниот“ состав е вечерва од 20 часот против екипата на Чеховски Медведи.

фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top