Македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев, денеска ќе свири пред дечињата згрижени во Детската клиника во Скопје.
Концертот се одржува со поддршка на сопругата на претседателот на Република Македонија Маја Иванова, а идејата за овој негов ангажман, како што вели, се родила при средбата со претседателското семејство летово во Охрид, по што е стапено во контакт со директорката на Клиниката и со помош на Кабинетот на претседателот се договорени деталите.
Музикотерапијата е составен дел на речиси сите врвни медицински установи во светот и според Бојаџиев таа има се поголема примена во модерната пракса во конвенционалната медицина, а резултатите на светските истражувања покажуваат многу позитивни промени кај пациентите.
Пред дечињата згрижени во Детската клиника во Скопје, Дуке Бојаџиев ќе настапи заедно со Тања Царовска – вокал и Владимир Крстев – виолина, состав со кој настапуваше годинава во Рим, во рамки на одбележувањето на Свети Кирил, а кои беа дел од неговиот тим на концертите одржани летово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дуке Бојаџиев го промовираше албумот „Синергија“ во Станица 26
-
Промоција на најновиот албум „Синергија“ на Дуке Бојаџиев
-
„Арс Ламина“ донира библиотека во Дневниот центар „Собата на Жозеф“ во Детската клиника – Скопје
-
Дуке Бојаџиев, композитор: Филмската музика ме донесе таму каде што сум сега во животот и кариерата!