Американското воздухопловство соопшти дека наскоро во Европа ќе се испратат „невидливи“ современи авиони Ф-22 како поддршка на европските сојузници загрижени поради, како што се тврди, руската агресија.
Началникот на американската воена авијација, Марк Велш рекол дека европските сојузници на САД ги унапредиле своите борбени авиони и дека сакаат да се уверат дека можат рамо до рамо со американските летала да учествуваат во операции.
Овој план подразбира и дополнителна обука на пилоти за летови над европскиот континент. Во овој контекст секретарката на американското воено воздухопловство Дебра Ли Џејмс рекла дека Америка и нејзините сојузници се многу загрижени за руските воени активности во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.