Саудиска Арабија се закани дека ќе блокира неколку популарни интернетски сервиси за комуницирање, меѓу кои и „Скајп“, „Вајбер“, „Ватсап“, ако не ги прифатат регулативите на Државната комисија за комуникации и информациски технологии.
Иако не е јавно соопштено какви правила кршеле овие сервиси, локалните медиуми пишуваат дека Владата сакала да ѝ се дозволи следење на комуникациите на овие мрежи.
Според „Си-Ен-Ен“, ваквиот развој на настаните може да е поврзан со неодамнешните протести во Саудиска Арабија, кои делумно биле организирани преку „Ватсап“. Демонстрациите се противзаконски во оваа арапска земја и се комплетно забранети.
Во 2010 година Саудиска Арабија привремено забрани испраќање пораки преку мобилните телфони „блекбери“ со образложение дека начинот на комуницирање не бил во согласност со регулативите на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


