Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, денеска ја посети општина Велес, каде го посети споменикот на културата, Куќата на Касапови, седиштето на сликарско-копаничарската колонија „Папрадишки мајстори“ и се сретна со уметници и учесници на оваа колонија.
Министерката за култура во националната установа театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ќе додели нов дигитален кино проектор наменет за оваа институција, по што ќе ја посети и библиотеката „Гоце Делчев“ каде ќе се сретне со млади книжевни творци од Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


