Маж во јужниот дел на Нигерија е избоден со нож и запален жив од толпа луѓе, бидејќи украл тенџере супа, јавуваат локалните медиуми.
Изгорениот труп на жртвата бил оставен пред едно училиште во пристанишниот град Калабар, во југоисточниот дел на Нигерија, објави дневниот нигериски весник „ДисДеј“.
Според весникот мажот заедно со уште двајца други украл тенџере супа од приватен дом, но биле пресретнати од група соседи, кои чуле повици за помош.
Толпата го фатила мажот, што ја носел супата и прво го нападнала со нож, а потоа го запалила.
Полицијата го осуди убиството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


