Македонската телевизија објави дека е постигнат договор за директен пренос од натпреварот меѓу Рубин Казан и Работнички, од плеј-офот за место во групите од Лига на Европа, што ќе се одигра в четврток со почеток од 18 часот.
Од првиот натпревар во Скопје немаше телевизиски пренос. Националниот сервис за реваншот успеа да обезбеди директен ТВ пренос од Казан.
Работнички во првиот дуел со Рубин на „Филип Втори“ одигра нерешено (1-1) и во реваншот останува со реални шанси за пласман во групната фаза од Лига на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.