Сообраќајницата од Кавадарци кон Росоман односно Скопје од северната страна, ќе се реконструира, а овој капитален проект, кој изнесува околу 20 милиони денари, ќе го реализира Општина Кавадарци, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.
Проектот опфаќа проширување на сообраќајницата, изградба на тротоар, негово осветлување, а реконструираниоит влез ќе добие и улично осветлување.
– Оваа делница според новото урбанистичко решение, наместо претходните 27 метри широчина, сега се намалува на 16 метри каде ќе се реализира булеварско решение. Ќе се трасира коловоз со четири ленти, секоја широка по три метри, како и тротоар за пешаците, од двете страни на булеварот со широчина од два метри. Исто така ќе има и хортикултурно уедување и улично осветлување. Овој проект изнесува околу 20 милиони денари, истакна Панов.
Тој испрати јавен повик до сите заинтересирани компании да учествуваат на овој тендер.
– Инаку постапката е во тек. Се надевам дека во месец септември кога е и празник на општината ќе започнеме со реализација на овој проект, рече Панов на денешната прес-конференција.
Делницата е веќе во завршна фаза што се однесува до експропријација на земјиштето, по што се очекува да започнат и градежните работи. Вкупно се поведени 41 постапка од кои 27 се на територијата на катастарската општина Кавадарци, а 14 се однесуваат на земјиште вон градот. Најголем дел од граѓаните веќе потпишаа спогодбени решенија со општината.
– Над два милиони денари потрошивме само за експропријација. Процесот е започнат пред две години. Таму каде што има разбирање вршиме експропријација, таму каде нема завршуваме пред надлежните судови. Она што е крајната цел е проширување на овој влез, ќе го реализираме во текот на наредните години, потенцираше Панов.
Планирано е реконструкцијата на „Западен булевар“ да се заврши до мај наредната година.
– Намерно го избираме зимскиот дел кога може да се вршат земјените работи, а асфалтирањето да биде во почетокот на пролетта, рече Панов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Внимателно возете: Девијации (преминување од една во друга лента) на патот Кичево-Охрид
-
Владата усвои нови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите