| четврток, 6 декември 2018 |

Габриел: Потребни се решителни дејства против десничарските екстремисти

gabriel

Потребни се решителни дејства против десничарските демонстранти, што предизвикаа судири пред центар за мигранти во Источна Германија за време на викендот, изјави германскиот заменик канцелар Зигмар Габриел, јави ДПА.

– На луѓето што шират такво насилство, не треба да се даде ниту милиметар простор – изјави Габриел во градот Хајденау, во близина на Дрезден.

Градоначалникот на градот Јурген Опиц изјави дека и канцеларката Ангела Меркел треба да ја посети сцената на немирите, во кои беа повредени 31 полицаец.

Портпаролот на Меркел изјави дека таа го осудува страшното насилство.

– Канцеларот и целата влада најкатегорично го осудуваат насилството и агресивните ставови кон странците. Одвартно е како десни екстремисти и неонацисти се обидуваат да пренесат идиотска порака на омраза околу центарот за мигранти – изјави портпаролот Штефан Зајберт.

Во саботата полицијата употреби солзавец за растурање група од неколку стотици десничарски екстремисти, што го блокираа патот кон поранешен железнички магацин, прилагоден за времен прием на повеќе од 600 мигранти.

Организираните мирни протести од Национал-демократската партија прераснаа во судири со полицијата во кои беа повредени 31 полицаец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top