Премиерот Никола Груевски денеска го посети селото Порој во општина Теарце каде што направи увид во санацијата на оштетените објекти од невремето што на почетокот на август го зафати овој крај.
Тој укажа дека без оглед на временските околности планираните активности за санација ќе продолжат во согласност со предвидената динамика.
Жителите изразија благодарност до Владата за навремената реакција и нагласија дека без брзата интервенција од страна на надлежните институции тешко би се санирале последиците од невремето.
Поради големото оштетување се очекува градежните активности да продолжат во следните два до три месеца. Се расчистува коритото на Поројска Река, која во невремето го имаше затрупано мостот кој го поврзува Порој со Тетово.
Груевски оствари средба и со жителите на месната заедница на Порој кои се интересираа за чистење на коритото на реката. Премиерот истакна дека во моментот активно се работи на нејзино расчистување, а се работи и на санација на двата моста за што активно е вклучена и градежната оператива. Ќе се уредува и реката за што обврска презема Општина Тетово откако ќе биде исчистено речното корито.
Планирано е премиерот Груевски да присуствува и на поставување камен-темелник за изградба на локален пат во Непроштено, а ќе ја пушти во употреба и спортската сала изградена во Државниот универзитет во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски