Корисник на „Фејсбук“ ја сподели приказната за искуството во едно кафуле. Додека чекале да бидат послужени, тој и неговиот пријател забележале двајца мажи кои нарачале пет кафиња.
– Две за сега, останатите за подоцна – ѝ рекле на келнерката.
По нив влегле уште неколку луѓе и сите го направиле истото, нарачале кафе и уште неколку за подоцна.
По нив во кафулето влегол бездомник и дошол до шанкот.
– Имате ли кафе за подоцна? – прашал.
Со други зборови, луѓето им помагаат на оние кои не можат да си дозволат топол оброк. На некои места можете да нарачате и сендвич или цел ручек за подоцна.
Идејата почна во Непал, а се прошири низ целиот свет. Како да учествувате можете да се запознаете на официјалната веб-страница Suspended Coffees.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Кучка спонзоруша: Глумела бездомник за да ја хранат со сендвичи од Мекдоналдс (видео)
-
Македонија тоне: 22,2 отсто од населението минатата година живеело во сиромаштија!
-
Митовска: СДСМ удира по најсиромашните, владата крати 6 милиони евра наменети за сиромашните(видео)


